17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Samsung Galaxy Quantum2 објавен со QRNG чип и 5G поддршка

Најчитани вести

Samsung го претстави Galaxy Quantum2, наследникот на минатогодишниот Galaxy A Quantum модел. Телефонот ќе биде ексклузивен за Јужна Кореја, а го краси нов QRNG безбедносен чипсет.

Galaxy Quantum2, кој глобално може да се појави како Galaxy A82 (но без RNG чип), има 6,7-инчен 1440p Super AMOLED екран со брзина на освежување од 120Hz. Го покренува Snapdragon 855+ чипсет, со 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Уредот го напојува батерија од 4500mAh, со поддршка за 25W полнење.

Главна одлика на телефонот е QRNG (генератор на квантен случаен број) чипот, кој е најмал во светот со 2,5 квадратни милиметри. Чипот генерира случајни кодови со собирање на звук од LED и СМОС сензорите, за користење во банкарските услуги и апликации.

Покрај наведеното, Galaxy Quantum2 има 64MP главна камера со OIS поддршка, IP67 сертификат за отпорност на вода и прашина и има поддршка за 5G конекција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести