11 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Samsung Galaxy Note10 5G ќе пристигне со 1TB простор и 12 GB RAM

Најчитани вести

Судејќи според деталите од најновиот извештај, 5G верзијата на Samsung Galaxy Note10 ќе има основна верзија со 256 GB простор за складирање. Покрај ова, купувачите ќе можат да се одлучат за модел со 512 GB или 1 TB интерна меморија.

Капацитетот на RAM меморијата ќе биде поврзан со изборот на просторот за складирање, па моделот со најголемо количество меморија пристигнува со 12GB RAM и 1TB простор за складирање.

Кога се во прашање LTE моделите на претстојниот премиум телефон на Samsung, Galaxy Note10+, исто така, би требало да ги има истите опции: 256GB за основниот модел и 1TB максимален простор. Основиот Note10 модел ќе има 128 GB.

Некои Galaxy Note10 верзии ќе користат керамика, но не е познато дали ова ќе биде ексклузивно за 5G моделот или ќе важи и за LTE варијантите./извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести