Home » Samsung Exynos 1580 донесува поголема моќност и подобра обработка на слики

Samsung Exynos 1580 донесува поголема моќност и подобра обработка на слики

by Lina Muslija
Samsung Exynos 1580 претставува значајна надградба во однос на својот претходник, а најверојатно ќе го видиме во идниот смартфон Galaxy A56.

Samsung оваа недела го претстави Exynos 1580, новиот чипсет од среден ранг кој, според сè изгледа, ќе го користи претстојниот Galaxy A56. Овој чип претставува значајна надградба во однос на својот претходник, главно затоа што е изграден на третата генерација на 4-нанометарскиот EUV FinFET производствен процес на на Samsung.

Имено, процесорот на Exynos 1580 преминува на тро-кластен дизајн со едно главно јадро Cortex-A720 на такт од 2,9 GHz, три послаби A720 јадра на такт од 2,6 GHz и четири A520 јадра на такт од 1,95 GHz. Додека претходниот Exynos 1480 користеше ARMv8 јадра, новиот чипсет на Samsung користи ARMv9.

Графичкиот процесор (GPU) на Exynos 1580 е заснован на RDNA 3 архитектурата на AMD и сега доаѓа со два WGP-а (Work Group Processor), за разлика од само еден во Exynos 1480. Samsung тврди дека максималните перформанси се зголемени за 37 проценти, додека перформансите на истото ниво на моќност како кај претходниот чипсет се зголемени за 20 проценти. Овој GPU исто така ја зголемува GL2 кеш меморијата.

Што се однесува до NPU, тоа има 14,7 TOPS, што значи дека може да обработи 14,7 трилиони операции во секунда. Спецификациите исто така наведуваат дека новиот NPU има зголемен капацитет на кеш од 2MB, но точните ефекти за тоа ќе се знаат по тестирањето на некој од смартфоните кои ќе го користат новиот чипсет.

Поддршката за екранот и камерата останува иста како и порано, до 1080p+ при 144 Hz и поединечни камери од 200 MP (или двојни 32+32MP при 30 FPS) со 4K видео при 60 FPS. Тешко дека ќе добиеме камера од 200 MP во идниот Galaxy A56, но Samsung наведува дека Exynos 1580 има подобрена обработка на слика во однос на претходникот, така што фотографиите ќе изгледаат подобро во секој случај.

Од другите спецификации што треба да се спомнат, новиот чипсет поддржува LPDDR5 RAM и UFS 3.1 складирање, како и 5G поврзаност, Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.4.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk