Home » Samsung денеска ја претставува Galaxy S24 серијата

Samsung денеска ја претставува Galaxy S24 серијата

by Журнал

Samsung денеска го одржува нивниот Galaxy Unpacked настан на кој ќе биде претставена наредната генерација од нивните смартфони од највисоката класа, односно Galaxy S24 серијата. Настанот насловен „Galaxy Unpacked 2024: Opening a New Era of Mobile AI“ како и секогаш ќе биде достапен да се гледа во живо преку YouTube каналот на компанијата, а ќе започне во 19:00 часот по македонско време.

Оваа година настанот се одржува во Сан Хозе, наместо во Сан Франциско, а стандардно ќе бидат претставени три нови модели кои ја сочинуваат серијата изминатите години. Тука се двата „основни“ Galaxy S24 и Galaxy S24+, како и замената за Galaxy Note серијата, Galaxy S24 Ultra моделот.

Како што може да се види од насловот на настанот, голем дел од него ќе биде вештачката интелигенција која минатата година стана доста актуелна, но оваа се очекува уште поголема популарност кај компаниите и нивните производи.

Што се однесува до уредите, не се очекува некоја драстична промена во дизајнот, иако ќе има одредени мали промени, а исто така може да се очекуваат новата генерација од Snadragon 8 чипот, како и можно враќање на Exynos за европските корисници. Snapdragon би требало да се користи во сите региони кај Galaxy S24 Ultra моделот.

Следете го настанот во живо, како и Smartportal за сите новости од денешниот настан.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More