Samsung ќе позајми една важна функција од Apple Watch за Apple Watch!

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Додека смартфон пазарот стагнира поради недостаток на иновации, паметни часовници стануваат се попопуларни..

Иако Apple не беше првата компанија која претстави ваков уред, сепак паметните часовници на компанијата беа заслужни за претставување на голем дел од корисните функции поради кои корисниците ги сакаат овие смартфон додатоци. По претставувањето на Apple Watch Series 3, овие уреди буквално почнаа да го спасуваат животот на своите сопственици. За сето тоа најзаслужна беше ECG апликацијата. По успехот на паметните часовници на Apple, останатите компании постојано се обидуваат да постигнат ист успех, почнувајќи од Samsung.

Наскоро, Samsung планира да ја претстави Galaxy Watch Active 2 серијата, која ќе доаѓа со една важна функција која ја имаат уредите на Apple. Се разбира, Apple не беше првата компанија која ја искористи оваа ECG технологија, но дефинитивно беше заслужна за зголемување на нејзината популарност.

Со претставувањето на новите паметни часовници, ECG функцијата ќе биде достапна и компатибилна и со iOS и со Android уредите. На овој начин корисниците ќе бидат свесни за своето здравје во секој момент и ќе бидат известени доколку имаат сериозни проблеми со срцето.

Иако Galaxy Watch Active серијата беше претставена пред само неколку месеци, Samsung веќе работи на новите уреди. Во однос на дизајнот, Watch Active 2 уредите ќе имаат исти големини од 40 и 44mm, ќе нудат LTE конекција, нема да имаат ротирачка рамка, а батериите ќе бидат со капацитет од 237 и 340mAh./gsm.mk

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.