2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Samsung ќе го објави најмоќниот Galaxy на Unpacked настанот на 28. април (ВИДЕО)

Најчитани вести

Најверојатно ќе бидат претставени новите Galaxy Book Pro и Galaxy Book Pro 360 лаптопи

Samsung ќе одржи новиот Galaxy Unpacked настан на 28 април, во текот на кој јужнокорејската компанија планира да го претстави „најмоќниот Galaxy досега“. Ова е најавено и во видео тизерот, но нема информации за кој уред станува збор.

Видеото сугерира дека Samsung би можел да претстави нови лаптопи. Компанијата може да ги официјализира Galaxy Book Pro и Galaxy Book Pro 360, за кои се појавија информации и гласини во претходниот период. Два лаптопа се очекуваат во големини од 13 и 15 инчи. Од опциите за конекција, преносните компјутери би требало да имаат LTE поддршка и Thunderbolt 4 порт.

Galaxy Book Pro може да има поголем тракпад, читач за отпечатоци од прсти, USB Type-A порт и приклучок за слушалки, а може да имплементира и USB-C порт. Galaxy Book Pro 360 исто така се се очекува и со USB Type-C порт и приклучок за слушалки, а се споменува и поддршка за S Pen. Galaxy Book Pro се очекува во црна и бела боја, додека Galaxy Book Pro 360 може да биде достапен во сина и златна боја.

Покрај ова, на FCC сертификацијата се појави и Galaxy Book Go ознаката, што може да биде еден од потенцијалните модели што ќе ги видиме на Unpacked настанот. Galaxy Book Go од листингот има 14-инчен FullHD екран и две опции на процесор – Snapdragon 7c и Snapdragon 8cx Gen X. Основниот модел има 4GB RAM и 128GB простор за складирање, додека помоќниот модел користи 8GB RAM и 256GB складирање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com