Samsung Electronics ја објави новата линија телевизори за 2025 година во С. Македонија, достапна од денес. Оваа нова понуда воведува напредни функции со вештачка интелигенција преку Samsung Vision AI, овозможувајќи подобрено и персонализирано корисничко искуство при гледање..
Паметни екрани за паметен живот: персонализирани AI функции кои се прилагодуваат на корисникот
Samsung Vision AI претставува пакет на интелигентни функции кои се прилагодуваат на потребите на корисниците. Click to Search овозможува моментален пристап до информации за содржината на екранот, додека Live Translate нуди превод на титлови во реално време, рушејќи ги јазичните бариери. Generative Wallpaper го претвора екранот во динамично уметничко дело, прилагодено на личниот вкус. Дополнително, Home Insights нуди ажурирања во реално време за домашните активности, а Pet and Family Care ја следи благосостојбата на најблиските, прилагодувајќи ја средината за оптимална удобност.
Следната генерација на домашна забава: интелигентни ТВ уреди и импресивен звук за секој начин на живот
Neo QLED 8K го претставува врвот на телевизиската технологија на Samsung. Водечкиот модел QN990F е опремен со моќниот процесор NQ8 AI Gen3, овозможувајќи спектакуларна 8K резолуција со 8K AI Upscaling Pro. Функциите како Auto HDR Remastering и Adaptive Sound Pro обезбедуваат врвно аудиовизуелно искуство,додека ултра-тенкиот дизајн додава елеганција во секоја просторија.
Neo QLED 4K телевизорите комбинираат напредна технологија со елегантен дизајн. Опремени со процесорот NQ4 AI Gen2, овие модели овозможуваат извонреден квалитет на сликата со прецизна репродукција на бои и подобрен контраст. Интеграцијата на Vision AI обезбедува оптимизација на содржината во реално време, прилагодувајќи се на околината.
QLED телевизорите продолжуваат да бидат стандард за точност на боите и долготрајност. Со повеќе од деценија иновации во Quantum Dot технологијата, Samsung QLED телевизорите овозможуваат 100% волумен на боја во DCI-P3 просторот, прикажувајќи живописни и реалистични слики. Нивниот издржлив дизајн обезбедува долготрајни перформанси, правејќи ги сигурен избор за секој дом.
OLED моделите од линијата за 2025 нудат неспоредлив контраст и живописни бои. Со NQ4 AI Gen2 процесор и OLED HDR Pro, овие телевизори прикажуваат светли и детални слики. Екранот отпорен на одблесоци обезбедува чиста слика дури и во светли простории, додека Vision AI ги унапредува содржините преку Click to Search и Live Translate, овозможувајќи интуитивна интеракција.
Серијата Тhe Framе ги спојува уметноста и технологијата, трансформирајќи го телевизорот во прилагодлива галерија.
Како надополнување на ТВ понудата, Samsung ги претставува и најновите Q-Series звучници, вклучувајќи ги моделите HW-Q990F и HW-QS700F. Овие звучници користат AI за прилагодување на звукот според содржината и акустиката на просторијата, овозможувајќи богат и импресивен звук. Q-Symphony ја синхронизира аудиото помеѓу телевизорот и звучникот, создавајќи хармонично и опкружувачко звучно искуство..
Целата линија на телевизори и звучници на Samsung за 2025 ќе биде достапна кај нас од 26 мај 2025 година. За повеќе информации, посетете ја страницата www.samsung.com/mk/