23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Samsung ја најави линијата монитори со висока резолуција за 2021. година

Најчитани вести

Samsung ја најави својата годинашна линија на деловни и потрошувачки монитори со висока резолуција, а сите 12 нови модели поддржуваат HDR.

Премиум S8-линијата има два 27-инчни (S80A и S80UA) и еден 32-инчен модел (S80A). Мониторите нудат 10-битни IPS панели, со 3840 x 2160 (4K Ultra HD) резолуција. Иако Samsung овие дисплеи ги нарекува овие дисплеи HDR10 компатибилни со HDR10, тие сепак не ги исполнуваат минималните VESA сертификувани DisplayHDR спецификации од 400 нита за осветлување, бидејќи нудат само 300 нита.

S8 мониторите имаат рамни панели, со тенка рамка и поддржуваат 10Gbps пренос на податоци преку USB-C, а имаат и USB хаб. 27-инчниот модел S80UA поддржува 90W полнење, кое може да се користи за лаптопи или телефони. Останатите карактеристики на S8 линијата монитори вклучуваат 5ms одзив, како и DisplayPort 1.2 и HDMI 2.0 портови.

S7 серијата се состои од два модела: 27-инчниот S70A и 32-инчниот S70A. Двата монитори имаат рамни 4K дисплеи со HDR10, поддршка за 1,07 милијарди (10-битни) бои, дизајн со тенки рамки и прилагодување на навалувањето.

Линијата S6 ја сочинуваат седум модели, од 24 до 34 инчи. S60UA и S60A пристигнуваат со големини од 24, 27 и 32 инчи и 2560 x 1440 QHD резолуција. S65UA е 34-инчен модел со закривен екран и UWQHD резолуција (3440 x 1440). Сите S6 модели имаат HDR10, поддршка за 1,07 милијарди (10-битни) бои и VA панели со 300 нита осветлување.

Samsung сè уште не објави информации за цената и достапноста на новите монитори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести