21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Samsung оваа година може да претстави три Exynos чипсети

Најчитани вести

Дојавувачот Ice Universe сугерира дека Samsung во текот на оваа година ќе претстави три Exynos чипсети – модел од 800 серијата во средниот сегмент, од 1200 серијата во горниот сегмент и премиум 2200 серијата. Чипсетите од 1200 и 2200 серијата би требало да имаат графички карти засновани на AMD RDNA архитектура.

Според претходните наводи на дојавувачите, Samsung во јуни ќе демонстрира GPU, додека целосните чипсети ќе бидат претставени подоцна. Првите телефони со AMD графичките процесори можеби нема да се појават пред следната година, но засега се уште нема официјален план за нивна објава.

Претпоставка е дека овие Exynos/AMD чипови ќе ги покренуваат телефоните, но Samsung работи и на Windows 10 лаптоп. Според информациите на ZDNet Korea, лаптопот со Exynos 2200 чип ќе биде претставен во текот на третото тримесечје оваа година. Претходните Samsung Windows-on-ARM лаптопи ги користеа чиповите на Qualcomm.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести