33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Samsung лаптопи со Exynos чипови се очекуваат кон крајот на оваа година

Најчитани вести

Се појави информација која тврди дека Samsung планира да претстави верзија на својот Exynos процесор направен за лаптопи – нешто што би можело, барем врз основа на „индустриските извори“, да се случи во втората половина на 2021. година. Под претпоставка Samsung да ја потврди таквата најава, ова ќе биде прв пат компанијата да лансира Windows лаптопи покренувани од сопствени чипови.

Новото тврдење доаѓа The Korea Economic Daily, кој во име на неименувани извори од индустријата известува дека Samsung моментно работи на Windows лаптоп, што го покренува Exynos процесор за преносни компјутери, а не за паметни телефони. Овој нов хардвер, тврди изворот, ќе резултира со „извонредна“ ефикасност и перформанси на батеријата.

Ова не е прв пат да го слушнеме ова тврдење, но овој пат доаѓа со нова временска рамка: втората половина од оваа година, неколку месеци подоцна од априлскиот настан, како што некои очекуваа. Кога ќе дојде време, тврди извештајот, Samsung ќе открие „премиум“ Exynos производ, кој ќе биде погоден и за лаптопи и за паметни телефони.

Како и кај претходниот збир на протечени информации, и во новиот извештај се тврди дека претстојниот чипсет на Samsung ќе ја задржи графиката на компанијата AMD. Под претпоставка гласините да се точни, лаптопот на Samsung би бил прв модерен Windows модел, кој го покренува хардвер од истиот производител.

Иако постојат преносни компјутери направени без AMD и процесори на Intel, нив ги напојуваат Qualcomm Snapdragon чипсети. Samsung единствено е позициониран да ги предизвика овие постоечки опции со своите Exynos чипови, повлекувајќи нешто слично на она што го видовме од Apple своите MacBook уреди, кои ги покренува M1 чипот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести