5 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

„Само замисли“ – танцов перформанс на Александра Петрушевска во „Кино Култура“

Најчитани вести

Во „Кино Култура“ денес (четврток, 26 декември) од 20 часот ќе се одржува танцовиот перформанс „Само замисли“ со кореографија и изведба на Александра Петрушевска.

Организаторот на перформансот е Здружението „Локомотива“, од каде велат дека се работи е танцов перформанс кој произлезе како реакција на веќе постоечка кореографија. Референтната точка е „Try Leather“ од 1975 на канадската танчарка и перформанс уметница, Маргарет Драгу.

„Со неколку референци на оригиналната кореографија, ‘Само замисли’ на крај сепак е дело кое функционира независно. Начинот на кој се перципира, пристапува и реагира на кореографијата ‘Try Leather’ зборува најмногу за авторката. Замислувајќи што сѐ може да направи со нејзиното тело и веќе постоечкото дело, Петрушевска ги реформира и отелотворува референците. Во тој процес, таа и нејзиното тело, таа и танцот заеднички се трансформираат“, соопштува „Локомотива“.

Танцовиот перформанс, прикажан како работа во процес, е работен во рамки на зимската работилница во 2019 на HZT со Брита Виртмулер и Маргарет Драгу. Во рамки е на кореографската резиденција на Петрушевска во Кино Култура во 2019 година како дел од проектот „Современа кореографија и танц“ на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, поддржан од Министерство за култура и општина Центар.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести