Home » Само со двојни субвенции до одгледување на две различни земјоделски култури

Само со двојни субвенции до одгледување на две различни земјоделски култури

by Журнал.мк

Нужни се корените реформи во начинот на субвенционирање за да се стимулира поголемо и поквалитетно производство, сметаат дел од земјоделските здруженија. Ристо Велков од Сојузот на земјоделски синдикати вели дека досегашниот модел не ги дал очекуваните резултати, иако државата троши огромни средства за субвензионирање на производството. Тој вели дека треба да се размислува да се субвенционираат две култури на иста парцела, ако се засадени во различни производствени сезони.

На земјоделците им недостига поголема сплотеност и поголема поддршка од државата и во однос на планското производство. Велков вели дека неодамнешните протести на земјоделците се реткост и потребно е да се оранизираат за да може да им се слуша гласот, по примерот на западноевропските фармери.

Во македонското земјоделство констнтно се повторуваат исти проблеми речиси секоја година, иако можеби тие се однесуваат на различни култури. Годинава производителите се загрижени за пласманот на раноградинарските култури, особено доматот и младиот компир, за што со денови се протестираше и се блокираа патиштата и улиците во струмичко. Откупувачите тврдат дека пласманот на домашното производство зависи од регионот, бидејќи околните земји, особено Албанија произведуваат порано и ги заземаат традиционалните пазари на кои се нуди македонскиот зеленчук.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More