Home » Само прекин на огнот во Појасот Газа може да ја запре нашата одмазда, порача Иран

Само прекин на огнот во Појасот Газа може да ја запре нашата одмазда, порача Иран

by Журнал.мк

Само прекин на огнот во Појасот Газа ќе го одврати Иран од директна одмазда против Израел за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, изјавија тројца неименувани високи ирански претставници.

Висок ирански безбедносен претставник истаккна дека Техеран заедно со сојузниците, како Хезболах, ќе преземе директен напад ако преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа не успеат или ако се добие впечаток дека Израел ги пролонгира преговорите.

Неименуваните ирански претставници не прецизираа колку време ќе дозволат да се преговара.

По убиството на Ханија во Техеран и на командантот на Хезболах, Фуад Шукр во Бејрут, САД и западните земји апелираат Иран да ја ограничи својата одмазда.

Преговори за прекин на огнот во Појасот Газа би требало да се одржат на 15 август во Египет или во Катар.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More