Home » Само пешки денеска и утре во Грција, исклучоци ќе има за товарни возила со расиплива стока – штрајк на грчките цариници

Само пешки денеска и утре во Грција, исклучоци ќе има за товарни возила со расиплива стока – штрајк на грчките цариници

by Журнал.мк

Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, денеска и утре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници. Извори од Федерацијата на цариниците порачаа дека граѓаните кои во овие два дена планирале да патуваат во Грција, би било подобро да го одложат патувањето.

Поради дводневниот штрајк на цариниците се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите.

За товарните возила постојат исклучоци доколку се пренесуваат пратки што поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, а за автомобилите доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување.

Единствено дозволено ќе биде пеш да се помине границата, иако не е исклучена можност во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови.

Од грчката амбасада во Скопје преку официјалната Фејсбук страница во петокот соопштија дека „Федерацијата на царинските работници на Грција најави 48-часовен штрајк во сите царински испостави во земјата на 2 и 3 април 2024 година“ и ги повикаа сите заинтересирани страни „да се погрижат да бидат навреме информирани за работата на секоја царинска испостава, пред нивното пристигнување на граничниот премин“.

Од царинската управа вчера информира дека поради штрајкот на граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, освен за расипливи стоки.

Според ЦУ, која се повикува на информациите добиени од амбасадата на Република Грција во Скопје, патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More