Во претходниот период се пишуваше за тензија во Реал Мадрид откако Бразилецот, Родриго остана во сенка на главните ѕвезди.
Медиумите во Шпанија почнаа да пишуваат новото напаѓачко трио на „кралевите“ нарекувајќиго со кратенката „БМВ“ (Белингем, Мбапе, Винисиус).
Родриго отворено зборуваше дека му пречи тоа што констатно се зборува за неговите тројца соиграчи, а тој е изоставен.
По вчерашниот натпревар против Штутгарт во Лигата на шампионите, тензијата се обиде да ја смири Џуд Белингем. На социјалните мрежи тој објави фотографија на која се сите четворица и дополни:
„Само будалите забораваат на Р“, напиша англискиот репрезентативец.