Продажбата на влезници за првиот меч во Групата 4 од Лигата Ц (ЛН 2024) помеѓу Фарските Острови и Македонија оди слабо
Фудбалската федерација на Фарските Острови успеала да продаде под 1.000 влезници за мечот со Македонија од Лигата на нациите 2024 во Торшавн, на два дена до одигрувањето (сабота).
Тоа е незадоволителна бројка продадени билети за стадионот кој има капацитет од 6.500 луѓе.
Медиум од ова замја шпекулира дека причина можеби е раниот старт на одигрувањето на мечот, односно в сабота во 14 часот по локално време.
Во претходното издание на Лигата на нациите во трите меча што Фарските Острови ги играле на свој терен бројот на публиката на трибините на стадионот „Торсволур“ се движел од 2.300 до 2.500.
Медиумот „ројсни.фо“ заклучува дека фановите на репрезентацијата не се навикнати толку рано да одат на натпревари и дека в сабота попладне имаат многу други работи со кои се преокупирани.
Организаторот се надева дека сепак ќе продаде повеќе билети затоа што Фараните наводно биле навикнати во последен момент да купуваат влезници.