Home » Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ и самит „Западен Балкан и ЕУ“ на 21 и 22 јануари во Скопје

Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ и самит „Западен Балкан и ЕУ“ на 21 и 22 јануари во Скопје

by Журнал

Македонија на 21 и 22 јануари ќе биде домаќин на самитот „Западен Балкан и ЕУ“ и на лидерската средба за планот за раст за Западен Балкан. Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Присуство најави српскиот претседател Александар Вучиќ а ќе присуствуваат и албанскиот премиер и косовскиот премиер Рама и Курти, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, како и генералниот директор на директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување – Герт Јан Копман. Најавено е присуство и на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија – Џејмс О’Брајан, претставници на регионалните организации, советот за регионална соработка, ЦЕФТА и инвестицискиот форум на комори од Западен Балкан, како и некои меѓународни финансиски институции.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More