Home » Салма Хајек го прослави својот 58 роденден со серија жешки фотографии на јахта: Ретко кој има ваква фигура

Салма Хајек го прослави својот 58 роденден со серија жешки фотографии на јахта: Ретко кој има ваква фигура

by Lina Muslija

Салма Хајек во понеделникот го прослави својот 58-ми роденден споделувајќи со своите следбеници на Инстаграм најнови фотографии во – костими за капење.

Познатата холивудска икона ја покажа својата неверојатна фигура во шестата деценија во серијата слики на кои позира како супермодел во бикини на луксузна јахта за време на нејзиниот луксузен одмор.

– Роденденска бикини бомба,нека ми е среќен 58-миот роденден! – напишала латино убавицата на своја сметка и на шега, алудирајќи на тоа колку добро изгледа за своите години, и додала: – П.С. Ништо од ова не е ретроспективно.

На првата фотографија, Хајек позирала за време на зајдисонце со морето во позадина, во едноделен костим во светли бои што го украсила со сламена капа, црни очила и златни обетки.

На другите слики актерката лежи на бродот и позира во различни бикини, но сите имаат едно нешто заедничко – убавата латино ѕвезда делува опуштено и среќно.

 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More