Доколку има информации премиерот, има Јавно обвинителство, и нека сподели информации, рече Сали.
Откако премиерот Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти рече дека располагаат со информации дека раководството на ДУИ во обид да го заштити капиталот кој го создавало изминатите дваесет години, ќе презема чекори во насоки на дестабилизирање на државата есенва, денеска пратеникот Беким Сали од коалицијата „Вреди“ кои се коалициони партнери во владата на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека тој не располага со вакви информации.
„Значи, немам информации за каква дестабилизација и со какви информации располага премиерот. Доколку има информации, има Јавно обвинителство, како што ние денеска се обраќаме, така што, сметам дека институцијата е зад нас да сподели информации“, рече Сали.