Home » Сакал да им ја потпали куќата во Валандово додека сопствениците биле внатре

Сакал да им ја потпали куќата во Валандово додека сопствениците биле внатре

by Журнал.мк

Валандовската полиција вчера претпладне во селoто Удово го уапсила К.Ш.(23) поради „предизвикување општа опасност“.

– Имено, тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со спреј испрскал еден од нив и го напуштил местото, соопшти МВР

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More