Стејт департментот се подготвува да затвори неколку конзулати во наредните месеци, главно во Западна Европа, а планира и да го намали персоналот, соопштија денеска американските власти, пишува Гардијан.
Се разгледува и можноста за спојување на неколку специјализирани оддели во седиштето на Стејт департментот во Вашингтон, кои се занимаваат со прашања за човековите права, бегалците, глобалната борба против криминалот, правата на жените и борбата против трговијата со луѓе.
Според извештајот на Ројтерс, на американските мисии ширум светот им е наредено да ги истражат опциите за намалување на бројот на персоналот, и американски и локален, за најмалку 10 отсто.