Home » САД започнаа нови напади во Јемен, Британија му се закани на Иран

САД започнаа нови напади во Јемен, Британија му се закани на Иран

by Журнал

САД извршија нови напади врз цели на Хутите во Јемен, еден ден откако првиот удар предизвика масовни протести во главниот град на Јемен.

„Нападот извршен од УСС Карни рано утринава беше насочен кон радарска локација на бунтовниците Хути во Јемен и беше дополнителна акција на целта поврзана со вчерашните напади, преземени да ја деградираат способноста на Хутите да напаѓаат бродови“, објави американската војска во соопштението на платформата Х.

Официјалните медиуми на милитантите поддржани од Иран претходно објавија дека била нападната воздухопловната база Ал Даилами во главниот град Сана, кој е под контрола на бунтовниците. Претходно вчера, директорот на Здружениот Генералштаб на САД, генерал-полковник Даглас Симс, изјави за новинарите дека Хутите лансирале противбродска балистичка ракета како одмазда за нападите во четвртокот вечерта, но таа не го погодила пловилото.
Пет лица загинаа, а шест се повредени во офанзивата во четвртокот вечерта, за која Хутите вчера соопштија дека била насочена кон 73 локации во главниот град Сана, околу пристанишниот град Ходеида и три други региони.

Велика Британија и САД ги бранеа нападите, кои означија голема ескалација во блискоисточната криза, предизвикана од војната меѓу Израел и Газа, но беа осудени од регионалните лидери за поттикнување тензии во и онака нестабилната клима.

Хутите во Јемен се поддржани од Иран, а САД го обвинија Иран дека е „длабоко вклучен во планирањето на операциите против трговските бродови во Црвеното Море“, што траат од ноември минатата година.

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс синоќа упати предупредување до лидерите во Техеран.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk