Home » САД почнаа да ги евакуираат своите граѓани од Хаити со хеликоптер

САД почнаа да ги евакуираат своите граѓани од Хаити со хеликоптер

by Журнал.мк

Американскиот Стејт департмент соопшти дека во врска со ескалацијата на насилството на Хаити, американските хеликоптери вчера започнале со чартер летови за евакуација на американските граѓани од главниот град Порт-о-Пренс, при што првиот лет превезувал повеќе од 15 луѓе во Доминиканската Република, објавија британските медиуми.

Според портпаролот на Стејт департментот, хеликоптерите ќе овозможат евакуација на повеќе од 30 американски граѓани дневно.

Премиерот на Хаити, Ариел Хенри минатата недела објави дека ќе поднесе оставка, но привремениот претседателски совет допрва треба да биде назначен според планот поддржан од карипските нации и Вашингтон.

Тешко вооружени групи зазедоа голем дел од главниот град, а групите за човекови права и активисти пријавија масовни убиства, киднапирања и сексуално насилство. Според проценките на ОН, повеќе од 360 илјади луѓе се внатрешно раселени.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More