Home » САД отвораат база за специјални операции во Албанија

САД отвораат база за специјални операции во Албанија

by Журнал.мк

Американската команда за специјални операции во Европа (СОЦЕУР) ќе отвори база на ротациска основа, најави премиерот Еди Рама.

СОЦЕУР, со седиште во Штутгарт во Германија, објави на својот сајт дека базата во Албанија ќе обезбеди поголема соработка со албанските сојузници, важен пристап до транспортните јазли на Балканот и поголема логистичка флексибилност.

„Тоа е фантастична вест… тоа е одраз на многу високиот кредибилитет и многу тесната соработка“, кажа Рама во видеопорака во која го прочита соопштението на СОЦЕУР.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година.

Специјалните сили, високо обучени и опремени со напредна комуникациска опрема и оружје, често се користат во противтерористички или разузнавачки операции и можат да се инфилтрираат во непријателските редови.

Сè уште не е јасно која ќе биде улогата на тие американски сили во Албанија.

САД веќе имаат стационирано 600 војници на Косово, поранешната српска покраина, за да го одржуваат кревкиот мир повеќе од две децении од војната на Косово.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk