Home » САД не се вклучени во експлозиите во Либан, тврдат од Белата куќа

САД не се вклучени во експлозиите во Либан, тврдат од Белата куќа

by Журнал.мк

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби изјави дека САД не биле вклучени во бранот експлозии што се случија во Либан вчера и денеска.

– Ние на ниту еден начин не бевме вклучени во вчерашните или денешните инциденти, изјави Кирби попладнево на брифинг.

На прашањето дали е загрижен дека експлозиите би можеле да доведат до ескалација, Кирби рече: „Сакаме да видиме крај на војната и сè што направивме од почетокот е осмислено да спречи ескалација на конфликтот“.

– САД продолжуваат да веруваат дека постои дипломатски пат напред, нагласи Кирби.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk