Home » САД и Велика Британија повторно извршија напади врз Хутите во Јемен

САД и Велика Британија повторно извршија напади врз Хутите во Јемен

by Журнал

САД и Велика Британија изведоа нова серија заеднички воздушни напади врз осум цели на Хутите во Јемен, потврди Пентагон.

Нападите беа насочени кон подземнo складиште и нивните ракети и способности за надзор, се вели во соопштението.

Ова е втор пат американските и британските сили заеднички да ги нападнат милитантните бунтовници Хути поддржани од Иран како одмазда за постојаните напади на групата врз бродовите во Црвеното Море.

САД и Велика Британија рекоа дека се обидуваат да го заштитат слободниот проток на трговија.

Во заедничката изјава објавена од Пентагон се зборува за „дополнителен круг на пропорционални и неопходни удари“ против Хутите.

„Наша цел останува деескалација на тензиите и повторно воспоставување стабилност во Црвеното Море, но го повторуваме нашето предупредување до раководството на Хутите – нема да се двоумиме да ги браниме животите и слободниот проток на трговија во еден од светските најкритични области на водните патишта соочени со постојани закани“, се додава во соопштението.

Ројтерс пренесува дека тројца американски функционери, кои сакале да останат анонимни, потврдиле дека се извршени нови воздушни напади, но засега нема информации колку цели биле погодени.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More