Home » САД и неколку други земји во светот ја повикаа палестинската група Хамас да го прифати предлогот за примирје на Бајден

САД и неколку други земји во светот ја повикаа палестинската група Хамас да го прифати предлогот за примирје на Бајден

by Журнал.мк

САД и неколку други земји во светот ја повикаа палестинската група Хамас, која владее со Појасот Газа, да го прифати предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за трајно примирје во енклавата, се вели во заедничка изјаваа објавена на веб-страницата на Белата куќа.

Документот е објавен во име на лидерите на Австрија, Аргентина, Бразил, Бугарија, Велика Британија, Германија, Данска, Шпанија, Канада, Полска, Португалија, Романија, САД, Србија, Тајланд и Франција.

-Како лидери на земјите длабоко загрижени за заложниците што ги држи Хамас во Газа, вклучително и многу наши граѓани, ние целосно го поддржуваме движењето кон прекин на огнот и договорот за ослободување на заложниците што сега е на маса, и како што е наведено од претседателот Бајден на 31 мај 2024 година. Нема време за губење. Го повикуваме Хамас да го склучи овој договор, кој Израел е подготвен да го исполни и да го започне процесот на ослободување на нашите граѓани, се вели во соопштението.

Оттаму забележуваат дека „овој договор ќе доведе до итен прекин на огнот и обновување на Газа заедно со безбедносни гаранции за Израелците и Палестинците и можности за потраен долгорочен мир и решение за две држави“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More