Home » САД ги повика семејствата на претставниците на амбасадата во Белорусија да ја напуштат земјата

САД ги повика семејствата на претставниците на амбасадата во Белорусија да ја напуштат земјата

by Журнал.мк

СAД денеска им наредија на членовите на семејствата на претставниците на американската влада во Белорусија да ја напуштат земјата.

Тие претходно издадоа предупредување да не патуваат таму поради тензиите меѓу Вашингтон и Русија околу Украина.

„ Поради зголемувањето на невообичаените и загрижувачки руски воени активности во близина на границата со Украина, американските граѓани кои се во Белорусија или планираат да патуваат во Белорусија треба да бидат свесни дека ситуацијата е непредвидлива и дека има зголемена тензија во регионот“, соопшти Стејт департментот, пренесува Ројтерс.

САД минатата недела им наредија на членовите на семејството на американската амбасада во Украина да ја напуштат земјата, а сите американски граѓани беа исто така поканети да размислат за напуштање на Украина од безбедносни причини.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More