Home » САД: Да се почитува духот на договорот од Преспа

САД: Да се почитува духот на договорот од Преспа

by Журнал.мк

САД очекуваат Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа, а јавниот дискурс да биде базиран на факти, велат од Стејт Департментот за Гласот на Америка на македонски јазик.

„Исто како што САД остануваат посветени на Договорот од Преспа, ние очекуваме Македонија да го одржи овој дух и јавниот дискурс да остане базиран на факти и вкоренет во посветеноста на иднината на Македонија во ЕУ“, се вели во одговори на портпарол на Стејт департментот, на прашањето дали САД се загрижени за можно поткопување на Договорот од Преспа.

Како што пренесува Гласот на Америка, кампањата во Македонија одблиску се следела и во Атина каде медиумите ги нотирале како што се вели политичките изјави поврзани со Преспанскиот договор и употребата на името Македонија во изборната кампања на некои кандидати.

Гласот на Америка потсетува дека уште во 2021 Бајден потпишал наредба со која сите кои ќе работат против Договорот од Преспа ќе се најдат под американски санкции.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More