Home » САД ја зголеми наградата за апсење на Мадуро

САД ја зголеми наградата за апсење на Мадуро

by Журнал.мк

САД најавија зголемена награда од 25 милиони долари (24,43 милиони евра) за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Ова зголемување го најавија на денот кога тој положи заклетва за трет шестгодишен мандат.

Церемонијата на инаугурација беше во сенка на осудата од меѓународната заедница и од венецуелските опозициски лидери.

Беа понудени и награди за информации што ќе доведат до апсење или осудување на министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело.

Нова награда до 15 милиони долари (14,66 милиони евра) е понудена и за министерот за одбрана Владимир Падрин.

Велика Британија, исто така, воведе санкции за 15 високи венецуелски функционери, вклучувајќи судии, членови на безбедносните сили и воени претставници.

Одделот за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) рече дека санкционираните се одговорни за „поткопување на демократијата, владеењето на правото и кршењето на човековите права“.

Министерот за надворешни работи Дејвид Лами го опиша режимот на Мадуро како „лажен“.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, чиј реизбор го оспорува опозицијата, обвинувајќи го за изборна измама, денеска во Каракас положи заклетва по трет шестгодишен мандат, додека во исто време САД, Велика Британија и ЕУ наметнаа нови санкции за земјата.

Опозицијата ја оспорува победата на овој 62-годишен шеф на државата на изборите одржани на 28 јули, кои беа придружени со немири во кои некои ги загубија животите, а илјадници беа уапсени.

Кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалес Урутија, меѓутоа, тврди дека победил на изборите и повтори дека тој е „новоизбраниот претседател“.

Мадуро, наследникот на Уго Чавез, владее со Венецуела со железна тупаница од 2013 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk