Home » Сајбер криминалот го напаѓа секој сегмент од општеството

Сајбер криминалот го напаѓа секој сегмент од општеството

by Журнал

Во современото живеење сајбер криминалот претставува опасност за општеството. Поради тоа од огромно значење е да се едуцираат кадри, коишто ќе нудат современи решенија за да се заштитат државните институции, но и другите сегменти на државата. Уште позначајно е велат од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ од Охрид е да изработуваме сопствени решенија за одбрана, бидејќи готовите на светскиот пазар се прескапи…

Сајбер криминалот претставува сериозна закана за безбедноста на информационите системи и мрежи кои се од круцијално значење за државата. Овој вид криминал го напаѓа секој сегмент на општеството заради што е многу важно да создаваме кадри коишто со интелигентни и модерни решенија ќе го намалат тој ризик.

„Хакери да, ама етички хакери, односно како би ги обучиле кадрите да се справат со современите ризици од напади и како би извршиле одбрана на системите, не само во нашата држава и регионот. Практично да имплементираме решенија заеднички со надлежните институции во нашата држава, Министерството за информатичко општество и администрација“, изјави проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, проректор на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид.

На Универзитетот „Св. Апостол Павле“ од 2011-та година се образоваат кадри кои во соработка со универзитети од САД нудат сопствени решенија за одбрана од сајбер криминал, бидејќи готовите на пазарот се прескапи.

„Знаете, 100 проценти безбедност нема. Со тоа го почнувам секој час со моите драги студенти. Се трудиме и одиме во добра насока на подобрување на системите со имплементирање на креативни решенија, баш со имплементирање на сопствени кодови коишто ги програмираме“, додава проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, проректор на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид.

Охрабрува тоа што имаме одлични млади програмери со широки познавања од другите области, вели Речкоска Шикоска.

Поради тоа професорите им даваат огромна поддршка за нивните иновативни решенија, бидејќи тие добиваат на важност доколку се применливи во повеќе сфери од секојдневното живеење.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More