Home » Ружин: Трамп е брутален кон сите, новите мерки кои ќе ги донесе се предизвик за ЕУ

Ружин: Трамп е брутален кон сите, новите мерки кои ќе ги донесе се предизвик за ЕУ

by Журнал.мк

Поранешниот амбасадор Нано Ружин во 24 анализа рече дека покрај тоа што Трамп ќе донесе промени во внатрешната и во надворешната политика, тој ќе ја облече во ново руво републиканската партија. Според него, Трамп ќе донесе револуција од која сите ќе бидат засегнати.

„Трамп е многу брутален и кон поранешната политичка елита и кон мигрантите и кон новите активности кои што ќе ги воведе. Тој најавува револуција и ревизија на актуелниот либерален економски систем, најавува ревизија на економските односи што наидува на огромна внатрешна реакција на ЕУ дури и Европската комиосија формираше посебно тело кое треба да заклучи како ЕУ ќе се соочи со овие промени“, рече Ружин.

Тој потенцираше дека ЕУ гледа на Трамп како голема опасност од повеќе аспекти бидејќи САД ќе се повлече од многу клучни аспекти и договори.

„Најголемиот удар за ЕУ, ќе биде тоа што Трамп ќе воведе повисок данок за производите кои доаѓаат од ЕУ. Покрај тоа има можност и да падне еврото во однос на доларот. Јас сметам дека за ЕУ најголем удар е Украина и тоа прашање е чувствително бидејќи Трамп сака да ја тргне Украина од својата агенда“, додаде Ружин.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk