9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Русос Кундурос е нов амбасадор на Грција во Македонија

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денес го прими новоименуваниот вонредeн и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република во Македонија, Русос Кундурос, кој ги предаде копиите од акредитивните писма.

Министерот Османи, како што соопштија од МНР, му посака на амбасадорот Кундурос добредојде и успех во извршувањето на новата функција, изразувајќи уверување дека за време на неговиот мандат пријателските односи меѓу двете земји ќе го одржат позитивниот тренд на развој.

„Очекуваме Грција да продолжи со својата доследна принципиелна поддршка и да биде гласен лобист во Европската унија за нашата европска перспектива, која е значајна за двете држави, но и за целиот регион“, изјави Османи, додавајќи дека Северна Македонија очекува исчекор на планот на европските интеграции во текот на оваа година, за што силно и безрезервно ќе се залага на внатрешен план.

Соговорниците зборувале и за актуелните состојби во двете земји, за најновите содржини и постигнувања во регионалната соработка, како и за други актуелни меѓународни случувања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести