Home » Рускиот парламент сака да го конфискува имотот на секој што шири „лажни вести“ за армијата

Рускиот парламент сака да го конфискува имотот на секој што шири „лажни вести“ за армијата

by Журнал

Долниот дом на рускиот парламент даде конечно одобрување на новиот закон кој ќе им овозможи на властите да го конфискуваат имотот на луѓето осудени за намерно ширење лажни вести за војската.

Државната дума го одобри законот во трето и последно читање, соопшти претседателот на Долниот дом Вјачеслав Володин на својот официјален канал на Телеграм.

Мерката ќе важи и за оние кои се прогласени за виновни за „дискредитација“ на вооружените сили, оние кои бараат санкции против Русија и оние кои се прогласени за виновни за поттикнување екстремистички активности.

Новиот закон, кој допрва треба да биде одобрен од горниот дом на парламентот и рускиот претседател Владимир Путин, ќе и овозможи на државата да ги заплени имотите на Русите кои ја напуштија земјата и ја критикуваа војната во Украина и продолжуваат да се потпираат на приходите од изнајмување на нивните домови или станови во Русија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More