Home » Руска ракета погоди товарен брод со пченица во Црното Море

Руска ракета погоди товарен брод со пченица во Црното Море

by Журнал.мк

Руска ракета денеска погоди товарен брод со пченица во Црното Море кој се движеше кон Египет, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на апликацијата Телеграм.

Според неговите информации, ударот врз бродот бил веднаш по напуштањето на украинските територијални води. Според првичните податоци, нема повредени.

-Украина е една од земјите во светот со најголем придонес за безбедноста на храната. Внатрешната стабилност и животот на десетици земји во различни делови на светот зависи од нормалното и непречено функционирање на нашиот коридор за извоз на храна, рече украинскиот претседател.

Зеленски додаде дека снабдувањето со храна на Украина во земјите во Африка и регионот на Блискиот Исток е критично.

-Ќе продолжиме да правиме се што е можно за да ги заштитиме нашите пристаништа, нашето Црно Море и снабдувањето со храна на светскиот пазар. Ова е вистински приоритет за Украина – заштита на животот, и тоа треба да биде приоритет за секоја земја. Ја чекаме реакцијата на светот, а пченицата и безбедноста на храната никогаш не треба да бидат цел на проектили, изјави Зеленски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk