Home » Русите зазедоа клучен град во Украина, богат со литиум и многу посакуван од САД

Русите зазедоа клучен град во Украина, богат со литиум и многу посакуван од САД

by Журнал.мк

Руската војска го зазеде градот Шевченко, кој се наоѓа на едно од најголемите наоѓалишта на литиум на територијата на Украина.

„Киев пост“ пишува дека ова го соопшти „Дипстејт“, организација која на Интернет го следи текот на украинско-руската војна.

Се вели дека локацијата се наоѓа во источниот дел на Шевченко, град во регионот на Доњецк.

Русите го заробија Шевченко како дел од нивното напредување кон Покровск.

Се потсетува дека минатата година сенаторот Линдзи Греам и други американски политичари блиски до новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја споменале можноста за размена на огромното рудно богатство на Украина за американска помош за Киев.

Поради оваа причина, Москва даде приоритет на окупацијата на области богати со руди.

Се потсетува дека литиумот, познат и како „бело злато“, е важна стратешка суровина. Се користи за производство на батерии и е клучен за идната транзиција кон одржливи „зелени“ економии во светот.

Ова е второ украинско наоѓалиште на литиум што паѓа во руски раце.

Првото беше Балка Крута во регионот Запорожје, околу 30 километри северно од Бердјанск.

Двете други големи наоѓалишта на литиум во Украина се во близина на Кропивницки, западно од реката Днепар, и не се под директна руска закана.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk