Home » Русите го прекинаа гасот за Австрија, го праќаат во остатокот од Европа

Русите го прекинаа гасот за Австрија, го праќаат во остатокот од Европа

by Журнал.мк

Рускиот енергетски гигант Гаспром денеска продолжи да испраќа редовни количества гас во Европа преку Украина, но испораката на австриската енергетска компанија ОМВ престана неколку часа откако Виена објави дека Русија и најавила прекин.

Русија, која беше најголемиот снабдувач на природен гас во Европа пред војната во Украина, ги загуби речиси сите свои клиенти на континентот откако Европската унија одлучи да ја намали зависноста од руските енергетски извори, а во 2022 година експлодираше гасоводот Северен тек до Германија.

Гасоводот Братство од советско време, еден од последните руски гасоводи во Европа што минува низ Украина, ќе биде затворен до крајот на оваа година бидејќи Киев одбива да го обнови петгодишниот транзитен договор со кој се пренесува гас од северен Сибир до Словачка, Чешка и Австрија.

Австрија вчера потврди дека Москва ја информирала дека од денеска ќе ја прекине испораката на гас по арбитражната одлука според која Гаспром мора да плати на ОМВ 230 милиони евра поради нередовна испорака и целосно прекинување на испораката на гас за Германија.

Австриската енергетска регулаторна агенција Е-Контрол во саботата соопшти дека снабдувањето на Гаспром е прекинато во шест часот, додавајќи дека цените на гасот и испораките на австриските клиенти се стабилни. ОМВ се обидува да се подмири со тоа што не плаќа за дел од гасот што Гаспром го испорачува преку Украина.

„Газпром“ соопшти дека денеска преку Украина во Европа ќе испрати 42,4 милиони кубни метри гас, односно колку вчера. Протокот на гас за Словачка од Украина бил стабилен, но протокот кон Австрија од Словачка бил за околу 16 отсто под просекот за овој месец, покажуваат податоците на словачката енергетска компанија Еустрим.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk