Home » Русија постави 53 сателити во Земјината Орбита

Русија постави 53 сателити во Земјината Орбита

by Журнал.мк

Русија оваа недела лансираше вкупно 53 мали сателити, од коишто најмногу од домашно производство, но и меѓународни сателити. Руската вселенска агенција Роскосмос истакна дека 51 домашен сателит лансиран со една ракета е нов национален руски рекорд.

Ракетата „Сојуз-2“ со горен дел „Фрегат“ полета од Вселенското пристаниште „Восточни“. Во Земјината Орбита се однесени 49 руски сателити, еден руско-кинески, руско-зимбабвеански, и два мали ирански сателити, потврди Роскосмос.

Сепак, други ракети носеле поголем товар во Орбитата, а рекордер е „Спејс-Икс“ со вкупно 143 сателити лансирани со помош на една „Фалкон 9“ ракета во јануари 2021 година.

Ова беше 13-то руско лансирање годинава. Иако Русија беше најактивната земја во сферата на вселенски лансирање пред 10 години, тоа темпо опадна. Благодарение на ракетата „Фалкон 9“, САД го зголемија своето темпо, а и Кина прави нешто слично со своите вселенски активности. Така, Русија падна на третото место на светско ниво.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk