Home » Русија им ги одзеде акредитациите на шестмина британски дипломати

Русија им ги одзеде акредитациите на шестмина британски дипломати

by Журнал.мк

Русија им ја укина акредитацијата на шест британски дипломати, обвинувајќи ги за шпионажа, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Службата за државна безбедност (ФСБ).

Како што соопшти ФСБ, акредитацијата на дипломатите била одземена бидејќи нивните активности ја загрозувале безбедноста на Русија.

„Врз основа на документите доставени од руската ФСБ, како одговор на бројните непријателски потези на Лондон, Министерството за надворешни работи на Русија ја укина акредитацијата на шестмина вработени во политичкиот оддел на британската амбасада во Москва, чии постапки открија знаци на разузнавање и субверзивна работа“, се вели во соопштението.

ФСБ не ги откри имињата на британските дипломати.

Разузнавачката служба предупреди дека во иднина „доколку се откријат слични дејствија меѓу вработените во британската дипломатска мисија, руската ФСБ ќе бара предвремено прекинување на нивните службени патувања во Русија“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk