Home » Русија и Белорусија започнаа воени вежби

Русија и Белорусија започнаа воени вежби

by Журнал.мк

Русија и Белорусија денеска почнаа заеднички воени вежби со цел вежбање задачи за сузбивање и одбивање надворешна агресија.

„ На 10 февруари започна заедничка вежба на комбинираните полигони на вооружените сили на Република Белорусија, како дел од втората фаза од тестирањето на силите за одговор на Алијансата на Русија и Белорусија“, соопшти руското Министерство за одбрана во соопштението.

Во вежбите со Белорусија се очекува да учествуваат околу 30.000 војници. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги опиша заедничките вежби како сериозни, нагласувајќи дека Русија и Белорусија се соочуваат со закани без преседан.

НАТО, сепак, соопшти дека заедничките вежби го означуваат најголемиот ангажман на Русија во поранешната советска држава од Студената војна, а Белата куќа ги нарече вежбите „ескалациска“ акција поради тензиите околу Украина.

Русија постојано негираше какви било планови за инвазија на Украина, и покрај фактот што, како што пишува Би-Би-Си, собрала повеќе од 100.000 војници на границата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More