Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид , Александар Попоски, во духот на меѓународниот ден на жената, упати честитки и подели рози на припадничките на понежниот пол.
ПОЧИТУВАНИ ДАМИ, Во духот на овој прекрасен празник – 8 Март, Денот на жената, дозволете ми во мое лично име и во име на целиот тим на ЈП Градски Пазар Охрид да ви упатам искрени честитки! Вие сте столбот на семејството, инспирацијата на општеството и двигател на многу успеси. Со вашата посветеност, труд и љубов, го правите светот подобро место. Со особена чест и почит, ви подарувам мал знак на внимание — роза за секоја од вас, како симбол на благодарност за вашата посветеност и труд. Вие сте срцето на овој пазар, вредни и неуморни, секој ден создавате топла атмосфера и им служите на нашите сограѓани со насмевка. Вашата работа е од непроценливо значење, и затоа денес сакам да ви се заблагодарам и да ви посакам среќа, здравје и успех. Почитувани посетителки на нашиот пазар, нека оваа роза ви го разубави денот, исто како што вие го разубавувате нашето опкружување. Голема благодарност и на нашите вработени дами, кои со својата посветеност придонесуваат за успешното функционирање на ЈП Градски Пазар. Со најдобри желби за среќа, успех и многу насмевки — не само денес, туку и секој ден во годината, Ви го ЧЕСТИТАМ 8-ми Март, рече Попоски.