Home » Розга: За турнејата се подготвував со месеци и еедвај чекам да видите што сме спакувале!

Розга: За турнејата се подготвував со месеци и еедвај чекам да видите што сме спакувале!

by Журнал

Цели 27 години чекав на вакво нешто. На ваков музички спектакл, со играње, пеење, кореографии, танчари, костими…, вели Јелена Розга пред големиот скопски концерт закажан на 10 февруари во арената „Борис Трајковски“.

Концертот е во склоп на турнејата „Минут срца мог“, а Розга во Скопје доаѓа по одличните музички спектакли во Белград, Загреб и Нови Сад. Концертот е во организација на Скајмјузик, а целиот спектакл ќе биде заокружен со нивната врвна аудио-визуелна продукција

„Уште од сега имам трема, позитивна. Само да можете да замислите како ќе биде во последните десетина дена, па пет, а како ли ќе биде тоа утро на денот на концертот… Утрата на денот кога имам концерт ми се најтешки. Ама сѐ се тоа слатки маки, живеам за публиката, за настапите и навистина со нетрпение очекувам да застанам пред македонската пулика и да го оставам срцето затоа што не постои настап овде кој не бил посебен“, рече Розга, која оваа турнеја ја подготвуваше долго со оглед на тоа дека меѓудругото има и 15 прилично комплицирани кореографии и неколку преслекувања на сцената.

„За оваа турнеја се подготвував со месеци и навистина сето ова што го направивме бара голема психичкофизичка подготовка. Имавме и имаме многу проби со танчарите заради кои, со оглед на тоа дека се од Словенија, постојано патувам во Љубљана и вежбаме со часови, но морам да ви признаам не ми е воопшто тешко затоа што ова го сакам, ова сум јас и многу ми е важно да нема грешки. Кога тргнавме да се подготвуваме реков – ‘Во ред, ќе работиме, но не смее да има грешки, не смее да има ниту погрешен тон’“, вели Јелена.

На репертоарот ќе бидат ставени сите најголеми хитови од соло кариерата на Јелена, но и оние од почетоците и времето кога беше дел од групата Магазин.

Влезниците се пуштени во продажба преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места.

Билетите се продаваат по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари.

Концертот во склоп на турнејата „Минут срца мог“ е во организација на Скајмјузик продукција и ќе се случи на 10 февруари во арената „Борис Трајковски“!

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More