Поранешниот германски министер, сега пратеник Михаел Рот на својот Твитер профил ја поздрави средбата на премиерите Ковачевски и Петков и побара признавање на македонското малцинство во Бугарија.
-Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Северна Македонија. Како што Северна Македонија признава бугарско малцинство, конечно Бугарија мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да признае македонско малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“, напиша Рот на Твитер.
Рот во владата на канцеларката Ангела Меркел беше министер за Европа и важи за голем поддржувач на Македонија и нејзинината евроинтеграција.