Home » „Росавијација“ ја објави причината за падот на патничкиот авион

„Росавијација“ ја објави причината за падот на патничкиот авион

by Журнал.мк

Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација, „Росавијација“, издаде официјално соопштение во врска со падот на авионот во Актау, Казахстан.

„Денеска, околу 9.30 часот по московско време, авион ‘ембраер 190’ на азербејџанската авиокомпанија АЗАЛ се урна при слетување на казахстанскиот аеродром ‘Актау’, кој се наоѓа на источниот брег на Каспиското Море. Авионот летал од Баку за Грозни. Според прелиминарните информации, по судир со јато птици, поради вонредна ситуација во авионот, пилотот на авионот решил да се пренасочи на алтернативен аеродром избирајќи го Актау за дестинација. Операциите за пребарување и спасување ги вршат оперативните служби на Република Казахстан“, се вели во соопштението на „Росавијација“.

Се додава дека „Росавијација“ ја одржува комуникацијата со превозникот АЗАЛ, како и со воздухопловните власти на Азербејџан и Казахстан.

Патничкиот авион се урна во близина на аеродромот „Акатуа“ во Казахстан, при што загинаа над 30 лица, а 28 беа спасени.

Повредените се пренесени во болница.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk