Home » Роналдо со два гола ја потопи Ирска, во фантастична форма оди на ЕУРО 2024

Роналдо со два гола ја потопи Ирска, во фантастична форма оди на ЕУРО 2024

by Журнал.мк

На последниот пријателски натпревар на португалската репрезентација пред почетокот на Европското фудбалско првенство, Кристијано Роналдо постигна два гола и покажа дека на европската изложба на најдобрите репрезентации оди во страшна форма.

Португалија на крајот победи со 3:0 против Ирска, а Роналдо ги постигна вториот и третиот гол.

Жоао Феликс го отвори натпреварот во 18. минута. Тој го искористи додавањето на Бруно Фернандеш и погоди за 1:0, што беше и резултат на првото полувреме.

Пет минути од второто полувреме на сцена стапи Роналдо. Тој доби долг пас од средината на теренот на работ од шеснаесетникот и со левата нога ја испрати топката во спротивниот агол.

Само десет минути подоцна Португалецот повторно постигна гол. Овојпат најмногу работа заврши Диого Жота, кој долго се бореше за посед лево, нафрли ниско за Роналдо, кој ја додаде топката во мрежата.

Португалија сега ја чека првиот натпревар на ЕУРО 2024. Во првото коло од групната фаза ќе игра против Чешка, а со нив во групата Ф се Турција и Грузија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk