Home » Роналдо – најплатен спортист во светот

Роналдо – најплатен спортист во светот

by Журнал.мк

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се најде на врвот на листата на Форбс за најплатени спортисти во светот.

Американскиот магазин наведува дека 39-годишниот напаѓач на фудбалскиот клуб Ал-Наср, со годишна плата од 260 милиони долари, што е рекорд за еден фудбалер, по четврти пат е најплатен спортист во светот, во неговата кариера.

Роналдо доби 200 милиони долари плата од Ал-Наср, а уште 60 милиони долари од спонзорски и рекламни договори со компании како Најк, Бинансе и Хербалајф.

Второто место на рангирањето со годишен приход од 218 милиони долари го зазеде 29-годишниот шпански голфер Џон Рам, трет е аргентинскиот фудбалер, 36-годишниот напаѓач на Интер Мајами – Лионел Меси.

Годишниот приход на Аргентинецот, според Форбс, е 135 милиони долари.

Форбс проценува дека 50-те најплатени спортисти во светот заработиле вкупно 3,88 милијарди долари во изминатите 12 месеци што е за 13% повеќе од минатогодишниот рекорд од 3,44 милијарди долари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More