Винисиус Жуниор вчера беше промовиран во најдобар светски фудбалер од страна на ФИФА, а ваквата потврда на гала случувањето во Доха експресно предизивка голем број реакции во јавноста.
Различните гласања во споредба со доделената „Златна топка“ веќе отворија голема дебата меѓу фудбалските експерти, но за Винисиус најважно е тоа што добиената награда од ФИФА носи и голема победа за бразилскиот фудбал.
За првпат по Рикардо Кака во 2007-ма година, еден Бразилец беше прогласен за најдобар играч во светски рамки, а тоа го натера Роналдо Назарио емотивно да му се обрати на својот сонародник.
– Кога зборуваме за враќање на почитта кон бразилскиот фудбал, погледнете го Винисиус Жуниор кој заслужува максимална почит! Поминаа повеќе од 16 години кога последен пат видовме како трофејот за најдобар светски играч се враќа во Бразил. Сега заслужено е во рацете на Вини, тоа носи многу поголемо значење од сите одлучувачки партии кои ги имаше изминатата сезона.
– Неговиот талент е доволен за наградата, но неговата моќ се шири многу подалеку од фудбалскиот терен. Зборуваме за еден од највредните играчи на денешницата, играч кој е жртва на расизам, расизма кој се емитува на телевизија со незамислива фрекфенција. Винисиус е симбол на отпор и издржливост, денеска Вини ја води антирасистичката борба во светскиот фудбал, општество во кое неказнивоста за таквите дела е погубна исто како и нападите. Тие што молчат не се помалку расисти. Пропустот од страна на фудбалските власти кои имаа законска моќ да се спротиваставуваат и казнуваат такви дела, дополнително ја зајакнува културата на бришење и непочитување на црните луѓе.
– Се обидоа да те избришат пријателе, а ти остави белег. Најдобриот играч во светот е ЦРН и БРАЗИЛЕЦ, – порачува „Феномено“.