Home » Романскиот премиер го откажа присуството на затворањето на Олимпијаата во Париз по скандалот во гимнастиката

Романскиот премиер го откажа присуството на затворањето на Олимпијаата во Париз по скандалот во гимнастиката

by Журнал.мк

Романскиот премиер Марчел Чолаку нема да присуствува на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Париз во недела во знак на протест поради тоа што гимнастичарката Ана Барбосу остана без бронзениот медал во вежбата на партер по промената на резултатот на страна на судиите.

Имено, младата Романка мислеше дека го освоила бронзениот медал во понеделникот, зад најголемите светски ѕвезди, Бразилката Ребека Андрада со злато и Американката Симоне Билс со сребро, но американските тренери се спротивставија на оценката на Џордан Чајлс, која натпреварувањето го заврши во петто место. Откако беше прифатен тој приговор, Чајлс со новото салдо скокна на третото место и ѝ беше доделен бронзениот медал, додека Барбосу падна на четвртото место.

„Решив да не одам на затворањето по скандалозната ситуација во гимнастиката каде нашите спортистки беа третирани на апсолутно нечесен начин. Неприфатливо е на толку големо натпреварување кое промовира вредности како почит, разбирање и извонредност, На детето кое чесно го заслужи својот медал треба толку брутално да му се одземе резултатот од четири години работа!“, објави Чолаку преку Facebook.

Легендарната романска гимнастичарка Надија Команечи, која нешпосредно во салата ги следи натпревањата во Париз, исто така, ја критикуваше одлуката на судиите.

„Не ми се верува дека вака си играме со менталното здравје и чувствата на спортистите“, изјави Команечи преку социјалната мрежа Х.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More