Home » Романците ги добија двата контролни меча со македонските ракометари

Романците ги добија двата контролни меча со македонските ракометари

by Журнал.мк

Ракометната репрезентација на Македонија претрпе два пораза во контролните дуели против Романија одиграни во Браила, при што денеска загуби со 24-28, а вчера со 27-32.

„Црвено-жолтите“ имаа проблем со реализацијата и не водеа ниту еднаш во текот на денешниот меч.

Мартин Серафимов со пет голa беше најфеикасен во македонската селекција, а по четири постигнаа Марко Митев и Жарко Пешевски.

На овие натпревари селекторот Кирил Лазаров не може да смета на Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриноски.

Натпреварите против Романија во рамки на ЕХФ неделата се дел од подготовките за баражот против Фарските Острови во мај, за пласман на Светското првенство в година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More