Home » Рома ќе мора да плати казна на УЕФА

Рома ќе мора да плати казна на УЕФА

by Lina Muslija

Eкипата на Рома ќе мора да плати казна од два милиони евра поради прекршување на финансискиот-фер плеј.

По направената анализа на клубовите кои биле под истрага контролното тело на УЕФА донело одлука за казна само за Рома. Под закана беа уште: Милан, Интер, ПСЖ, Монако, Бешикташ, Трабзон и Антверпен, но овие клубови минаа без казни бидејќи не направиле дополнителен прекршок.

Кај Рома било потврдено прекршување, па затоа „волчицата“ ќе мора да плати два милиони евра.

Помали казни добија Астон Вила која ќе плати 60.000 евра и Олимпик Марсеј за кого е предвидена казна од 20.000 евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk